Убавите моменти поминати во топла прегратка, со читање на омилената приказна е од непроценливо значење како за родителите така и за детето!
Штом детето еднаш зачекори во светот на книгата, од него тешко ќе може да излезе, всушност нема ни да сака, затоа што книгата е најдобриот пријател. Тоа најлесно можеме да го постигнеме читајќи и разгледувајќи сликовници заедно со нашите најмили. Ништо на овој свет не може да ги замени моментите на опуштеност, љубов, срека… како читањето и разгледувањето на една убава сликовница.
Другарувањето на вашето дете со сликовницата уште од најрана возраст ќе придонесе:
-збогатување на речникот
-запознавање на јазикот
-подобри комуникациски вештини
-подобра концентрација
-спознавање на светот околу себе
-поттикнување на фантазијата
-поттикнување и развивање на љубопитноста, и на естетските чувства
-поголема самодоверба
-читањето ќе ве насмее и развесели и секако ве поврзува со вашето дете уште повеќе.
НИКОГАШ НЕ Е РАНО ДА ПОЧНЕТЕ ДА МУ ЧИТАТЕ НА СВОЕТО ДЕТЕ !!!
Драги родители!
Пронајдете време за една убава сликовница, време кое ќе го посветите само на вас и на вашето дете, затоа што првите читачки искуства-остануваст како најубав спомен од детството, а љубовта кон книгата останува за цел живот.
Ј. Брглевска-педагог
ЈОУДГ „Мајски Цвет“ Битола
Сликата е преземена од сликовницата „Лето“ од серијалот „Годишни времиња“ во издание на Детска радост.