Родителството е најубавата, но воедно и најодговорната должност на човекот.Со генерации луѓето го подигале своето потомство и успевале да одгледаат и воспитаат личности кои се оствариле себеси во животот.Своите искуства и знаења ги пренесувале на помладите преку своите примери и низ подучување и се чини дека без некое посебно знаење и стручност , тоа го правеле успешно.
Денес, за многумина родителството – најприродната работа на светот, неоправдано станува тема за стручњаци. Но неминовно се поставува прашањето од каде толку многу луѓе кои страдале во својот развиток, од каде толку многу луѓе со негативни искуства во односот родител-дете, толку многу родители незадоволни со своите деца и толку многу деца несреќни поради родителското неразбирање што постојано ги сопнува на патот кон растот и развитокот.