Ние играме и учиме
Кој вели дека учењето е здодевно?
Мојата градинка е како волшебно катче од приказните.
Таму во пролет не поздравуваат веселите славејчиња, во лето сонцето не милува по златните коси, во есен дождецот ѕвони, а капките како бисери паѓаат на нашите прозорци, во зима снегулките нежно летаат околу нас, а ние сите со детските рачиња со нетрпение ги покануваме во нашиот двор.
Ова е местото каде се шири игра и смеа палаво трчаме и бликаме од среќа. Тука има врева, наутро малку ни се спие, но штом учителката ни подаде рака, а нејзиниот поглед топло не гали, сонце во нашите очи силно блеска и подготвени сме за новиот ден.
Другарчето е љубопитно и веднаш насмевка ти подарува, детските очи те повикуваат, те скокоткаат, те прегрнуваат и срца полни со радост на нови авантури те повикуваат.
А кога ќе се сетам на времето поминато во градинка, се сеќавам на палавите игри, на другарството како мајски цвет и сакам тоа безгрижно време да се врати, барем за момент да сум дете.
И дури детството кружи околу нас, ние растеме и кога еден ден училиштето ќе ни се насмевне нашата прва учителка ќе не испрати, а ние секогаш градинката и спомените во неа ќе ги чуваме во нашето срце да ги раскажуваме, да се сеќаваме на нашето детство.
Министерство за социјална политика, демографија и млади во периодот од 2022-2024 год.со поддршка од Светска банка, спроведе Проект за подобрување на …
Денес, на наше задоволство, Караванот на Витаминка на тема за емпатија, другарство и почитување преку изведба на музичко-драмска претстава „Роденденско другарување …

За нас
Наша мисија е градинка во која децата растат низ другарство, игри, приказни, песни, знаења за многу нешта.

Нашите градинки
Во составот на ЈОУДГ „Мајски Цвет“ Битола влегуваат 7 градинки.

Нашето мени
Во градинката, секојдневно се послужуваат готвени јадења кои се подготвуваат во централната кујна во која е имплементиран НАССР.