Исхрана

   Во градинката, секојдневно се послужуваат готвени јадења  кои се подготвуваат во централната кујна во која е имплементиран НАССР.

Дистрибуција на храната по објекти се врши во специјални термос- контејнери за тоа наменети. Тие се херметички затворени и бактериолошки испитани.

   Сите објекти поседуваат чајни кујни за приготвување на ужинки и се опремени по стандарди кои гарантираат здрава и редовна исхрана за деца. Листите за јадење се изработуваат по препорака на АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО, а во себе содржат неопходни состојки  за детето здраво и правилно да се развива.

   Тие се составуваат сезонски, а продуктите се набавуваат од реномирани произведувачи.

   Квалитетот на храната и хигиената на просториите, приборот и персоналот редовно се контролираат од надлежните служби.