Мисија на нашата градинка
Промовирање на сестрана, креативна и продуктивна личност, развивање на свест за хуманистички и естетски вредности,
преку користење на современ воспитно-образовен процес, продолжувајќи ја повеќе децениската традиција.
Градинка во која децата растат низ другарство, игри, приказни, песни, знаења за многу нешта. Разбирање, доверба, соработка меѓу родителите, градинката и средината во заедничка грижа за развојот и воспитувањето на децата.
Мото на нашата установа е:
„Дечиња – мајски цветчиња“
Ј.О.У.Д.Г „Мајски Цвет “ Битола во својот состав има опфатено детски јасли, градинка од целодневен и полудневен престој.
Во рамките на установата Ј.О.У.Д.Г „Мајски Цвет “ Битола работат 8 детски градинки во кои се опфатени 849 деца и 105 вработени. Сите објекти се наменски градени и овозможуваат успешно реализирање на Програмата за работа и дневниот режим на активностите во градинката. Соодветната опременост на просториите со инвентар, материјали и дидактика се по мерка на децата и овозможува нивен правилен раст и развој.
Мисијата на преучилишното воспитание и образование во Република Македонија е еднаков приод и максимална опфатеност на децата од предучишна возраст со најразлични форми и програми,дизајнирани според современи трендови и најнови научни сознанија од областа на детскиот развој.
Примарна цел на нашата градинка е да обезбеди здраво и среќно детство на секое дете. Градинката е место каде се поставуваат темелите на сестраниот развој на детската личност согласно законитостите на развојниот период и задоволување на актуелните потреби на децата (развивање на свеста за себе,за сопственатa индивидуалност, јакнење на самодовербата, развојот на позитивна слика за себе, развој на способноста за комуникација, договарање и прифаќање на разликите, развој на способноста за препознавање на сопствените чуства нивна контрола, разбирање на чуствата на другите, развивање на љубопитноста и истражувачкиот дух, способноста за сознавање и учење, зголемување на искуството и знањето за физичката средина и луѓето, развој на способноста за творење, изразување преку говорењето, пишувањето, движењето, музиката, ликовното изразување, развој на способноста за само сапослужување грижа за хигиената за сопственото здравје и околината.
Денешната поставеност на преучилишното воспитание во целокупниот образовен систем во земјата како и иновациите и реформите во областа на децентрализацијата на општеството наспроти современите светски трендови во предучилишното воспитание нужно иницираат потреба од квалитативни и суштествени промени кои ќе можат успешно и целисходно да дадат одговори на поставените барања ,потреби и услови
Доколку сакате да го запишете вашето дете во градинка, потребно е да поднесете Барање за упис.
Барањето содржи информации за детето и родителот/старателот и истото можете да го симнете од нашата Веб страна.
Пополнетото Барање се доставува во ДГ„Мајски Цвет“ на Ул.„Смилевски Конгрес“ бб Битола.
Планирани активности за 2024/2025
Празници и одбележувања 2025/2026 год.
СЕПТЕМВРИ
- 1 септември-„Добредојде в градинка другарче мило“-дочек на новопримените деца
- 5 септември -„Среќен празник татковино!“- Ден на независноста на РСМ – 8ми септември
- Септември-„ Баба и дедо- Ви благодарам! “- ден на бабите и дедовците
- 12 Септември-„Запчињата треба да се здрави“- ден на забите
- 15 Септември-„Тато е мојот херој “-одбележување на денот на таткото-14ти септември
- 19 Септември-одбележување на денот на пензионерите – 20ти
- 22 Септември – одбележување на меѓународен ден без автомобили
- 23 Септември-„ Златна есен стаса “- дочек на есента
ОКТОМВРИ
06.- 10. Недела на детето
- Имам право да знам! – запознавање со детските права и обврски
- Куклена/театарска претстава
- Детска уметност- ликовна работилница
- 09. Традиционални игри
10.Спортуваме-другаруваме! (забавно-спортски натпревари)
- „Со љубов за татковината“-11ти Октомври, ден на востанието
- 16. „Подари со љубов“-хуманитарна акција
- „Едно јаболко на ден-лекар не е потребен“-ден на јаболкото
- 2 „Мојот омилен цртан филм“- ден на цртаните филмови
- „Учам да штедам“- светскиот ден на штедењето
НОЕМВРИ
- „Мојот град празнува“- Ден на ослободување на градот Битола
- Ноември-„ Биди љубезен “-одбележување на светскиот ден на љубезноста
- Ноември –„Сите сме исти“- меѓународниот ден на децата
- Ноември-„ Тиквата е здрава храна“- ден на тиквата
ДЕКЕМВРИ
- „ Планинска убавина “- меѓународниот ден на планината
- „Зима во нашиот крај “- дочек на зимата-21декември
- 29-31. „Новогодишна магија “-одбележување на доаѓањето на Нова Година
ЈАНУАРИ
- 0“Три празника празнуваме“-одбележување на верските празници Коледе, Бадник и Божиќ
- „ Искажи ја твојата благодарност“- ден на благодарноста-11 јануари
- 14. „Каде е паричката“-одбележување на празникот Василица
- „Нашиот другар Снешко“- светски ден на Снешкото-18 јануари
- 21 Јануари – „ Ајде да се гушнеме“-светски ден на гушкањето
ФЕВРУАРИ
- 11.„Сите да се здрави“- ден на болните лица
- 1„Штеди ја енергијата“- светски ден за зачувување на енергијата
- февруари –„ Биди добро дете“- светски ден на добрината
МАРТ
- 02. „Книгата,мојот најдобар пријател“-одбележување на светскиот ден на книгата
- „Честит празник мила мамо“- одбележување на денот на жената
- 18 .„Раскажи ми приказна“ -одбележување на светски ден на раскажувањето
- „Јас сум среќно дете“- одбележување на светскиот ден на среќата / „Пролетта ја славиме “-дочек на пролетта
- „На театар “- одбележување на светскиот ден на театарот
АПРИЛ
- „Априли-ли-ли“-маскембал по повод денот на шегата
- 02 . Светскиот ден на литературата за деца
- „Се грижам за моето здравје“- светски ден на здравјето
- – 12. „Велигденски празнувања“
- „Ја сакам природата и се грижам за неа“-одбележување на Денот на планетата Земја
- „Танцувај со мене “- одбележување на денот на танцот
МАЈ
- „Денот на цвеќето““-одбележување на празникот Ѓурѓовден
- „ И јас сакам да бидам полицаец!“- ден на полицијата
- „ Ние сме среќно семејство!“- светски ден на семејството
- „ Пожарникарот е храбар човек “-одбележување на денот на пожарникарите
- „Градинке,за тебе пееме !“- Одбележување на патрониот празник на градинката
- „ Збогум градинке мила“ – Завршни приредби во сите градинки, по повод заминување на децата од големите групи во училиште
ЈУНИ
- 02 .„Убаво е да си дете“- меѓународен ден на децата
- 05 .„ Грижи се за природата ! “- меѓународен ден за заштита на животната средина
- „ Летни игри и радости “- дочек на летото
– „Музиката ме прави среќен“- светски ден на музиката
ЈУЛИ/АВГУСТ
- јули „ Секое дете сака сладолед“- ден на сладоледот
- август- „Пишувам со лева рака“- светски ден на левораките