По повод Денот на планетата Земја, во прекрасниот амбиент на Инфо-центарот на Националниот Парк Пелистер, се одржа едукативен настан посветен на љубовта кон природата и грижата за нашата планета.


Во активностите учествуваа дечињата од ДГ „Коца Василева“ и учениците од СОУГ „Јосип Броз Тито“- Битола, кои преку интерактивни содржини се едуцираа за природата и дивите животни кои живеат на Пелистер. Преку игра, набљудување и разговор, тие имаа можност да стекнат нови знаења и да развијат свест за значењето на зачувувањето на животната средина. Активностите беа заокружени со заедничка прошетка до Голема Ливада.