Денес во нашите градинки беше вистинска еко-авантура!
Децата со насмевки, песна и игра ја проследија едукативната претстава “Еко авантура”, во изведба на Продукција Триангл Пулс, како дел од големиот караван на Кожувчанка – Изворска.
Преку забавен и интерактивен начин, најмладите научија колку е важно да ја чуваме природата, да рециклираме и секојдневно да пиеме вода.
Благодарност до Кожувчанка и Продукција Триангл што ја донесоа оваа едукативна приказна и во нашите објекти!





Previous
Next
