Воспитно-образовната програма која се реализира во нашата установа,верува дека семејството има најголемо влијание врз децата и дека е нивниот прв и главен воспитувач. Семејствата им сакаат најдобро на своите деца и треба да ја имаат решавачката улога во нивното воспитание и образование. Поради тоа вратите на градинките, каде се спроведува оваа програма се широко отворени за активно учество на семејството. Методите и стратегиите кои можат да се практикуваат во овој сегмент даваат многубројни можности за секое семејство да пронајде адекватен начин за своето активно вклучување во работата на градинката.
Задачата на тимовите е само постојано да ги поттикнуваат и охрабруваат семејствата да се вклучуваат во најразличните активности и на тој начин да го дадат својот придонес.
Теоријата ги дели на формални и неформални, а праксата покажува дека е најдобра нивната комбинација во зависност од потребите и можностите.