Направете игра со вашето дете

      Почитувани родители, овој пат изработувањето на играта го започнувате сами, а подоцна истата ја комплетирате заедно со вашите деца.
       Потребна ви е коцка која ја изработувате со кругчиња кои би ги симболизирале полињата на играта, со две, три и повеќе кругчиња. Коцката се фрла и во зависност од бројот на кругчиња кои се паднале така треба да се движите по самите полиња. Секое поле има определена задача која детето треба да ја исполни за да продолжи понатаму.

      Забележувате дека во полињата може да се постават бои, бројки, животни – покрај името на животното треба да се направи и имитација- мачето прави … а, кучето …; превозни средства, овошје, зеленчук, музички инструменти и во големите полиња добивање на целосна слика- да направиме ден… да направиме ноќ… да направиме снешко…

 

Ви посакувам секое добро
м-р логопед Биљана Беделовска