Реализација на едукативни работилници

         Соработката со семејството е многу важен сегмент за  правилното одвивање на воспитно – образовната работа во градинката. Успешна соработка меѓу градинката и семејството, значи  придобивка за сите учесници во воспитно-образовниот процес,  а особено за  децата.

          Во насока на унапредување на соработката со семејството,подигнување на свеста на родителите за значењето на раниот детски развој и поддршка за педагошко компетентно родителство  ,во нашата установа беше реализирана едукативна работилница за родители, на тема :

„ВКЛУЧУВАЊЕ НА ДЕТЕТО ВО ИЗВРШУВАЊЕ НА

ДОМАШНИТЕ ОБВРСКИ

НАЧИН ЗА НЕГОВО ВОСПИТУВАЊЕ И ОБРАЗОВАНИЕ“

Работилницата беше подготвена и реализирана во три сесии:

  1. Рано учење и развој !     
  2. Најчести родителски грешки!
  3. Вклучување на детето во извршување на домашните обврски како начин за негово воспитување и образование !

       Многу родители сметаат дека нивните деца не се доволно зрели за да извршуваат домашни обврски или пак дека со давањето на задачи им го уништуваат детството и им го кратат времето за игра.

        За жал, тоа е многу погрешно, бидејќи детето од мали нозе треба да се научи да помага и да сфати дека мама не е единствената личност одговорна за грижата за домот. Преку обврските, детето се учи на одговорност, стекнува поголема самодоверба, се чувствува важно и корисно, а на родителите им се олеснува мисијата да израснат вредно дете кое не е разгалено.

                                                                                                                                                                                        педагог   Јуле Брглевска