Резултати од анкетата за родители

Почитувани родители,

    Ви благодариме што одделивте од вашето време за да одговорите на анкетата во врска со едукативните работилници.

    Во анкетата учествуваа 249 испитаници од кои:

  • 94% се заинтересирани да учествуваат на едукативните работилници;
  • 74% се во можност да присуствуват на едукативните работилници еднаш месечно;
  • На 68% од испитаниците најмногу им одговара истите да се одржуваат после 16 часот.

     Во прилог се наведени резултатите од понудените теми во анкетниот прашалник, почнувајќи од темата со најголема заинтересираност:

1.Вклучување на детето во извршување на домашните обрски како начин за негово воспитување и образование – 42,6 %;

2.Подготовка за поаѓање во училиште – 42,2%;

3.Читање и раскажување на приказни-начин за развој на говорот – 41 %;

4.Влијанието на информатичките технологии врз развојот на децата – 36,9 %;

5.Игри и игровни активности во домот – 35.3%;

6.Влијанието на стресот врз децата во денешницата – 33,7%.

    По однос на темите кои родителите би сакале да бидат опфатени на некоја од нашите едукативни работилници,а не се понудени во анкетата,предложени се повеќе наслови кои се суминари во неколку теми,и тоа:

  • Развивање на емоционалната инетелегенција кај детето;
  • Развивање на говор кај аутистични деца;
  • Едукација на родителот при градење на самодоверба кај децата;
  • Алатки за подобра комуникација и меѓусебна толеранција, помеѓу децата во семејството;
  • Едукација на родителите за подобра комуникација со децата во домот;
  • Едукација на родителите за развој на моторичките способности кај децата во предучилишна возраст;
  • Едукација на родителите за здрава исхрана на детето.

Тимот на ЈОУДГ “Мајски Цвет” – Битола ќе започне со реализација на едукативни работилници за родители за што ќе бидете дополнително известени.