Одбележување на патрониот празник

Со цел одбележување на патрониот празник на ЈОУДГ„Мајски Цвет“- Битола и збогатување на содржините на градскиот парк во Битла, Битолското чупе и мајските цветчиња организираа продажна хуманитарна акција и свечено отварање на детската креативна патека.

🌸Голема благодарност кон поддржувачите Бимилк и општина Битола кои се потрудија да ни овозможат реализација на овој настан како несекојдневно и незаборавно искуство.

🌸Децата кои преку својот талент покажаа една големина од која секој може да извлече поука како се сака и помага.

🌸Родители,ви благодариме на соработката,вашата поддршка е многу важна за нас и децата.
🌸Вработени,благодарност за посветеноста.Овој празник ни донесе повеќе од само забава и го зајакна духот на тимската работа и соработката.

🌸Благодарност до поетесата Кристинка Лајмановска,сега Доневска која живее и работи во Скопје за донацијата на книги од нејзината стихозбирка „Измама на осаменоста“.

🌸И на крај,голема благодарност кон сите присутни.Вашата поддршка и солидарност и сите прекрасни моменти кои ги споделивме заедно го прават овој настан незаборавен.
Посакуваме добро здравје на Аце со надеж дека и тој наскоро ќе се придружи на бескрајните и безгрижни детски игри заедно со сите деца на зелената расцветана трева.