Како да го развиеме трпението на децата низ игра

     Драги наши родители,
     Знам дека на вашите милувања, гушкања и ред други работи со кои ја искажувате вашата бескрајна љубов кон своите деца им нема крај. Но од ситуацијата во која што се наоѓаме сите ние денес се почуствував повикана јас како психолог да се јавам со неколку корисни совети како би го поминале ова време. Несомнено дека развојот на трпението кај децата е нешто што во овој момент би било најсоодветно и најнужно да го развиваме. Иако живееме во време кога многу работи ни се достапни за кратко време, многу желби можеме на децата да им ги оствариме одма, не значи дека тоа треба и да го правиме. Трпението е многу битна социјална вештина која за да би се совладала потребно е време и тренинг ако би можело така да се речи.
     Сите сме сведоци како дечињата со нетрпение веднаш сакаат да се качат на лизгалка, да ја добијат својата играчка, да го добијат нашето целосно внимание иако некогаш треба да се почека на ред за тоа. Нестрпливи се кога чекаме ред во продавница, кога ручекот сеуште не е завршен за сите пак дури и до таму што нашето петнаесет минутно време за едно кафе им се гледа долго.

     Затоа денес јас ќе ви посочам некои активности. Со вашиот избор на некоја од нив вие не само што ке го анимирате вашето дете туку низ игра ќе го развивате нивното трпение.
     – Дајте им самостојно да моделираат со пластелин, глина или тесто. Редењето на Лего коцки е добар начин децата да научат дека ако сакаат да направат нешто тие мораат да вложат време и труд за да дојдат до посакуваните резултати.
     – Обидете се заедно да јадите суво грозје џвакајќи го секое зрнце околу 30 секунди
     – Играјте игра во која што победник ќе биде онај кој ке издржи најдолго да седи в место без да се помести
     – Правете палачинки, колач и дајте му на детето да биди активен учесник во тоа.
     – Нека го обои нашето знаме и знамињата на нашите соседи
     – Побарајте од вашето дете да го нацрта и обои своето семејство.
     – Самостојно разгледување на сликовница
     Се надевам дека со моите предлози ќе успеете да го отргните вниманието од употребата на разни видео игри кои што не придонесуваат за развојот на трпението кај децата .

 

Секогаш со вас и за вас психологот Фросина Атанасова од ЈОУДГ “Мајски Цвет” – Битола