Бимилк со поддршка за новата градинка „Пчеличка“

      По повод Меѓународниот ден на детето и во рамките општествено одговорни иницијативи од страна на Бимилк, се придонесе за создавање подобри, побезбедни и поттикнувачки услови за згрижување и развој на децата во градинката „Пчеличка“.

      Благодарение на донацијата – која вклучува поставување на заштитна ограда – просторот е целосно подготвен за безгрижна игра, учење и раст.

Упатуваме голема благодарност до Бимилк за континуираната поддршка и што секогаш покажувате грижа и љубов кон најмладите.