Резултати од национално мерење од студијата MELQO

       Министерство за социјална политика, демографија и млади во периодот од 2022-2024 год.со поддршка од Светска банка, спроведе Проект за подобрување на социјалните услуги, во кој една од главните цели е подобрување на квалитетот на услугите за згрижување и воспитание на деца на возраст до 6 години, во установите за згрижување и воспитание на деца-детски градинки.   

    Оваа национална студија за прв пат направи мерење на квалитетот на раното учење и постигнувањата кај децата од предучилишна возраст. Во мерењето користен е инструментот MELQO ,кој вклучува два модули: MODEL (кој го мери квалитетот на раното учење и развој) и MELE (кој го мери квалитетот на процесите за учење во занималната и во домот). 

 

Оваа сеопфатна студија имаше за цел да го подобри развојот и учењето на децата, што е клучно за нивниот успех понатаму. Податоците собрани од повеќе извори даваат целосна слика за развојот на детето и средината за учење. Во документите е претставено целокупното истражување: прашањата кои студијата ги поставува, примероци на студијата, учесници во студијата, преглед на MELQO алатките, фокус на студијата и клучни прашања, презентирање на резултатите од истражувањето, домашна срединa и вклученост на родителите, клучни препораки за воспитувачите за ефективно учење и едукација како и клучни пораки и препораки за родителите/семејствата.

        Во периодот кој што следи сознанијата добиени од истражувањето ќе одиграат значајна улога во обликувањето на посветла иднина за децата во државата, обезбедувајќи тие да добијат висококвалитетно образование и грижа што ја заслужуваат.

         На следниве линкови ви ги споделуваме: сумарниот извештај од резултатите и препораки за воспитувачи и родители, презентацијата на резултатите и линк од видео презентацијата на истите :
https://www.youtube.com/watch?v=OitdBdKXnXo.

Сумарен извештај од резултатите и препораки за воспитувачи и родители