Денес во градинката Мајски Цвет , се одржа свечена приредба по повод Нова година. На приредбата настапија дечиња од повеќе објекти од нашата градинка кои со песни, игри, сценски изведби и свирење со детски музички инструменти ни донесоа празнична магија.
Посебна чест ни направија гостите, градоначалникот на општина Битола, претставници од општината, како и гости од други градинки од Битола и Новаци. Ова беше прекрасна можност за заедничко дружење, размена на искуства и споделување на празничната радост.
Благодарност до сите учесници и гости што го направија овој ден посебен и незаборавен! 








Previous
Next