Драги родители !
Со задоволство и радост официјално ја започнуваме оваа воспитно-згрижувачка година. Со нетрпение очекуваме сите дечиња да ни дојдат и да се адаптираат во своите групи, да развијат позитивен однос со воспитно-згрижувачкиот кадар и со другарчињата. Тоа не оди брзо и лесно. Секое дете си е индивидуа кое различно прифаќа, потешко или полесно се прилагодува на новите работи. Затоа една мала препорака од мене:
– Нека не ве загрижува негодувањето на детето, тоа е нормално и очекувано;
– Разделбата со детето нека биде кратка со прегратка и ветување дека после убаво поминато време во градинка за кратко ќе биде земено;
– Воспоставете секојдневен термин на носење и земање на детето во градинка;
– Во почетокот престојот да биде пократок и да се зголемува во договор со воспитно-згрижувачкиот кадар, затоа што секое дете различно се прилагодува на новата средина;
– Не очајувајте и немојте да се загрижувате, оставете му простор на детето.
Со заедничка помош и соработка успешно ќе го помине периодот на прилагодување.
Среќен Почеток!!!
Со љубов, Психолог – Фросина Атанасова